Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, синоќа во друштво на директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, во Градскиот Парк го отвори реконструираниот спортски терен “Партизан“.
Богдановиќ ги поздрави присутните гости, поранешни и сегашни спортисти, спортски работници, но и јавни функционери и добронамерни посетители, кои од вчера имаат можност да го користат овој јавен спортски терен за спортување и рекреација.
Старата и дотраена подлога е заменета со нова во површина од 891 м2. Поставени се нови голови, нови кошеви, а фудбалското игралиште ќе може да се користи и како игралиште за ракомет.
На теренот е поставена нова урбана опрема, клупи, канти за отпадоци, а игралиштата навечер ќе бидат осветлени со помош на новото ЛЕД освелтување.
Овој зафат на спортскиот центар “Партизан“ е прв по 20 години и теренот во иднина ќе биде јавно достапен за сите добронамерни вљубеници во спортот и спортските дисциплини.