СДСМ: Црните тефтери за вработувања беа одлика на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски

Црните тефтери за вработувања беа одлика на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски, денес институциите се професионализираат, за сите важат еднакви услови, реагираат од СДСМ на обвинувањата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски дека во ЈП„македонски шуми“ се вработени 30 партиски членови на СДСМ.

Времето на списоци и црни тефтери како оние на Гордана Јанкуловска, времето на масовна партизација на институциите функциите заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Граѓаните дознаа како криминалното и расипничко ВМРО-ДПМНЕ масовно ги партизираше и злоупотребуваше институциите. Јавноста и денес, преку јавно објавените материјали во судските процеси имаат можност да дознае како државната администрација се полнела со членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓу другото и СМС комуникацијата помеѓу криминалецот Никола Груевски со тогашната министерка Јанкуловска, кадешто тој ѝ препраќал пораки за „заслужни вработувања“ на членови на ВМРО-ДПМНЕ на кои им било ветено вработување, покажува како државните институции се претворале во подружници на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави