Скопјанка била касната од куче завчера во населбата Кисела Вода, информираше МВР.
Вчера во Полициската станица Кисела Вода, Е.Б.О.(46) пријавила дека на 28.11.2018 година околу 14 часот на булевар Борис Трајковски била касната од куче скитник.
Ова е трет случај на каснување во изминативе три дена. Скопјанката А.Ж.С.(36) завчера пријавила дека околу 20.30 часот на улица Бојмија нејзиното малолетно дете било каснато од куче-скитник.
На 27.11.2018 година во 13.50 часот било пријавено дека Б.Т. истиот ден околу 13 часот на улица Антон Попов во Скопје била касната од куче.