Европската фудбалска унија (УЕФА) се сомнева во регуларноста на неколку натпревари што се одиграни во првенството на Србија, поради што истрага покренале од Етичката комисија на Фудбалскиот сојуз на Србија.
Како што пренесуваат медиумите во оваа земја, во центарот на вниманието е победата на Партизан над Динамо од Врање (6:0). Покрај овој дуел, кој се одигра минатиот викенд, под истрага биле уште два натпревари Пролетер-Раднички Ниш (1:2) и Земун-Рад (1:0).
На натпреварот помеѓу Партизан и Динамо посебно се „истакнал“ голманот на гостите Урош Ѓуруќ. Неговиот тренер по мечот рекол дека „ќе му ја заврши кариерата“, а потоа клубот го суспендирал голманот, со образложение дека „со своето бранење, односно не бранење, предизвикал сомнеж во целата јавност околу регуларноста на натпреварот“.
Исто така, под истрага е мечот Пролетер-Раднички, одигран во Нови Сад. Гостите од Ниш головите ги постигнале по чудните грешки на домашните фудбалери.
Пред три недели, УЕФА, пробарале да биде истражено она што се случувало на дуелот помеѓу Земун и Рад. Светските обложувалници не примале уплати за овој натпревар.