Четворица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи утрово на улицата Крсте Мисирков на семафорите кај МАНУ, потврди МВР.
Според полицијата, во незгодата учествувале „ауди“ и „фолксваген пасат“, но нема детали за идентитетот на лицата кои ги возеле, ниту за повредените.
Двајца од повредените биле пренесени во Ургентниот центар „Мајка Тереза“, а двајца во ГОБ„Св. Наум Охридски“.