Од седум сообраќајни незгоди што се случиле вчера на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје во една имало тешко повредено лице, во четири сообраќајки имало петмина лесно повредени, а во две е причинета само материјална штета.
Полицијата, пак, казнила 35 возачи бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така исклучени се и осум возачи бидејќи шест го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца биле возачи почетници. Осум возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се и тројца возачи кои поминале крстосница на црвено и шест кои не поседувале зимска опрема во возилата. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак кој поминал коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 99 мандатни платни налози, додека исто така 92 возила се подигнати со “Пајак”.