Откако Париз и ПСЖ станаа центарот на фудбалска Европа, така и вип ѕвездите се појавија на фудбалската арена ,,Паркот на принцовите”.
Доказ за тоа е и последното појавување од страна на филмските, музички и спортски ликови, на натпреварот меѓу ПСЖ и Ливерпул во Лигата на шампиони.
На натпреварот можеа да се видат филмската ѕвезда Леонардо ди Каприо, музичките ѕвезди Мик Џегер и Ди-џеј Снејк, боречот Хабиб Нурмагомедов, фудбалскиот селектор на Франција, Дидие Дешамп, поранешниот Ф1 пилот, Алан Прост.