Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и министерот за внатрешни работи на Чешката Република, Јан Хамачек, денеска во Прага го потпишаа Протоколот меѓу двете влади за спроведување на Спогодбата за преземање на лица со незаконски престој (Протокол за реадмисија), со што се овозможува регулирање на процедурите за преземање на лица со незаконски престој меѓу двете држави, но и дополнително се зајакнува соработката со цел поефикасна борба против илегалната миграција.
На денешната средба министрите Спасовски и Хамачек ја потенцираа добрата соработка меѓу двете држави.