Унгарија ја поддржува Украина во судирот со Русија, иако украинската влада застапува антиунгарски ставови, порача унгарскиот премиер, Виктор Орбан, во текот на посетата на Прага.
-Ставот на Унгарија е јасен. Ние сме проукраинска Влада, така што стоиме зад Украина, рече Орбан во одговор на новинарско прашање.
Тој напомена дека во Унгарија постои проукраинска влада, додека владата во Украина е антиунгарски ориентирана.
-И покрај тоа, ние не го менуваме ставот и ќе стоиме зад Украина во овој судир, порача Орбан.
Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за инцидентот што се случи во неделата во теснецот Керч, а во кој три украински брода беа запленети од руската морнарица, додека членовите на екипажот беа уапсени под обвинение дека влегле во руски територијални води.
Украина поради инцидентот воведе воена состојба во 10 погранични региони.