Џеки Чен е најпознатиот кинески актер во Холивуд и друг најплатен актер во светот, според податоците на Форбс. Во автобиографијата која деновиве е објавена Чен откри дека во реалниот живот не бил толку симпатичен како на екранот и дека никогаш не се однесувал добро кон своите блиски.
Роден во Хонг Конг, како Чан Конг-Санг, израснал во сиромашно семејство, а поради лошото однесување татко му го испратил во строг интернат, каде што по цели денови учел боречки вештини.
-И денеска се срамам што никогаш не научив да пишувам и да читам. Дури и денеска на мојата кредитна картичка, на која немам лимит, нема мој потпис на задната страна бидејќи не знам да пишувам, вели Чен.
Работи почнал да добива по појавувањето во филмот „Во гнездото на змејот” на Брус Ли, но долго време требало да пројде додека да стане славен. Почнал да заработува како каскадер, а парите веднаш ги трошел, и тоа на комар и проститутки.
Колку повеќе заработувал, толку трошел повеќе- еднаш купил часовници за своите пријатели и само на тоа потрошил 63.000 долари.
-Бидејќи раснев во сиромаштија кешот ми даваше чуство на сигурност. Сакав да имам многу луѓе околу себе и да ги честам, да им купувам подароци. Една година потрошив два милиони долари само за храна за други луѓе. Купив мал тигар што го водев на работа секој ден, а се решив од него кога ме изгреба по лицето. За храна за двата бернардинци трошев по 400 долаи месечни, пишува во автобиографија.
Околу вратот носел златен ланец, трошел пари на скапи автомобили кои би ги возел пијан па ги кршел. Еднаш во ист ден утрото искршил „порше”, а вечерта „мерцедес“.
Ги презирал сите луѓе кои имале повеќе пари или стил од него, а денес вели дека сето тоа било поради неговите несигурности. Истата причина ја наведува и за лошото однесување кон сите жени во својот живот.
-Бев вистински гад кон жените целиот живот. На многумина сум им донел многу добра во животот, но не и на своето семејство. Не бев добар сопруг и татко, но ја исполнив својата должност кон својот син и неговата мајка, вели Чан.
Познат како глумец кој не користи каскадери, Чан ги искршил речиси сите коски во телото, но најлошата повреда ја добил во Загреб во 1987 година, кога го снимал филмот „Божјиот оклоп“.
Додека скокал од зграда на дрво – и тоа во вториот обид, пукнала гранка и тој паднал од пет метри височина и удрил со глава во камен. Крварел од уста, носот и ушите, па тимот мислел дека е мртов.
Од ударот му бил скршен черепот, а дел од коската му се забил во мозокот. Во Загреб тогаш се одржувала лекарска конференција, па таму бил и познат швајцарски хирург, кој го презел неговиот случај и му го спаси животот. Од таа несреќа, а подоцна и од операцијата му е оштетен слухот, а има и дупка во черепот.