Британската зоолошка градина застана во одбрана на својата одлука да го убие снежниот леопард, кој избега од кафезот додека неговата врата беше отворена, наведувајќи дека „немале друг избор кој би бил во интерес на јавноста“.
Леопардот Маргаш, на возраст од осум години, беше убиен на 23 октомври откако избегал од кафезот. Овој вид на големи мачки се смета дека е ранлив во однос на можноста да стане загрозен вид.
Иако е тешко да се процени бројот на снежни леопарди се проценува дека во дивината има само меѓу 4.000 и 6.500 вакви животни. Глобалната зоолошка популација на снежните леопарди, пак, изнесува околу 500.