Дух украде скапоцени слики во старечки дом во Италија
Крадец маскиран во дух е снимен како скришно влегува во дом за стари лица и краде скапоцени слики од 18 век.
Кражбата се случила во Италија, а камерите го снимиле секој чекор на човекот дух. На снимката се гледа како крадецот се обидува да го сокрие уметничкото дело под белата наметка.
Украдените слики биле вратени откако осомничениот бил ставен во притвор. Пријави се поднесени против двајца мажи, директниот извршител и нарачателот.
За среќа, ниту еден од жителите на домот не налетал на овој „дух” за време на кражбата.