Египетска актерка повикана на суд бидејќи носела провокативен фустан

Египетската актерка Ранија Јусеф во јануари следната година ќе мора да се појави пред суд бидејќи е обвинета за носење на провокативен фустан.

Имено како што пишуваат тамошните медиуми таа за време на церемонијата на отварање на филмски фестивал во Каиро носела свечен мрежест фустан кој од струкот надолу бил целосно прозирен и нозете и целосно и се гледале.

Судењето ќе се одржи на 12 јануари, по пријава на група адвокати одобрени од јавниот обвинител.

На актерката и се заканува казна затовр и до пет години.

Како мнозинска муслиманска земја со околу 100 милиони жители, Египет, и покрај зголемувањето на верскиот конзерватизам, ги задржа елементите на секуларноста.

Агенцијата АП пишува дека тужбата против актерката, поради појавувањето на фестивалот во фустанот, укажува на тоа дека исламскиот фундаментализам е силен и пет години по воениот удар што му стави крај на исламистичкиот претседател Мухамед Мурси.

Треба да знаете
Последни објави