Женската ракометна репрезентација на Македонија е на чекор до баражот за пласман на Светското првенство 2019 во Јапонија по победата над Исланд 29:21. Ова беше втора победа за нашите ракометарки на квалификацискиот турнир од групата 4 што се одржува во салата Борис Трајковски во Скопје.
По вчерашниот убедлив триумф над Азербејџан, вечерва нашите ракометарки, забележаа сигурна победа и над Исланд, кој требаше да биде наш ривал за првото место.
Ристовска со 9 и Саздовска со 7 постигнати голови беа нашите најефикасни ракометарки во вечерашниот меч со Исланд.
Сега на црвено-жолтите им преостанува уште утрешниот меч против Турција (од 20 часот), селекција која вечерва игра против Азербејџан.
Фото: Слободан Ѓуриќ