Партизирањето на институциите беше одлика на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, денес, институциите вработуваат транспаретно и се професионализираат, реагира СДСМ по обвинувањата што денеска опозицијата ги изнесе на прес-конференција.
„Изгубена во свои те лажни вести, антинародната ВМРО-ДПМНЕ почна да користи медиумски шпекулации кои се јавно демантирани. Времето на масовна партизацијата на институциите и злоупотреба на државната администрација заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Времето на списоци за вработување и црни тефтери како оние на Гордана Јанкуловска, исто така заврши“, се вели во реакцијата.
СДСМ додава дека по започнатиот процес на реформа и професионализација на администрацијата, институциите денес работат професионално, независно и во интерес на граѓаните. Сите процеси на вработувања, како што тврди СДСМ, се транспарентни, според јасно утврдени законски услови и за сите лица важат еднакви критериуми.