СДСМ остро го осудува говорот на омраза, навредите и заканите упатени на собирот пред Собранието
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија остро го осудува говорот на омраза, навредите и заканите упатени на собирот пред Собранието на маргиналните групи и поединци, остатоци од режимот, се наведува во соопштението од партијата.
„Повикуваме на одговорно однесување и потенцираме дека заканите, повиците за линч и говорот на омраза се кривични дела.
Навредите и клеветите кон било кого се спротивни на демократските вредности, спротивно на концептот едно општество којшто е прифатен од мнозинството граѓани на Република Македонија.
Ова потврдува дека огромна е нервозата кај остатоците од времето на режимот поради тоа што немаат поддршка од граѓаните и не успеваат да ја блокираат иднината на Македонија.
Ги повикуваме граѓаните да бидат смирени и да не подлегнуваат на провокациите и насилничката реторика.
Институциите имаат капацитет соодветно, професионално, неселективно и во рамки на законските надлежности да одговорат на сите предизвици“, стои во соопштението на СДСМ.