Криминогената власт на СДСМ спроведува најцрна партизација на јавната администрација под кодно име „Мрежа“, изјави на прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Во таа „Мрежа“ се имиња на партиските војници и послушници, кои работеа на црните сценарија на политиките на СДСМ, таа е истата онаа мрежа преку која беа испраќани пораките за излезност на референдумот, таа е истата онаа мрежа на СДСМ според која во оваа држава нема место за професионалци, за успешни, за напредни студенти, за нови идеи и вистински нов дух во јавната администрација“, обвини Стоилковски.

Според Мрежата на СДСМ, како што рече Стоилковски, вработување е можно само за партиската војска на СДСМ, и тоа само ако се запишани во црните тефтерчињата на партиските општински организации.
„Според информациите, само општинската организација на СДСМ во Кисела Вода, спровела вработување на 8 лица во Општината, 6 членови на управни одбори во училишта во таа општина, потоа хигиеничарки, воспитувачки во градинки, како и едно вработување во Македонски шуми, откриваат медиумите, кои велат дека поседуваат документација за акцијата Мрежа“, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.