СЈО бара нов притвор за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, овој пат за случајот „Империја“. Мијалков во моментов е на распит во Кривичниот суд, од каде што беше спроведен од затворот во Шутка каде го издржува 30-дневниот притвор кој му беше одреден за предметот Тврдина-Таргет.
Тој е во притвор од 20 ноември, но причина за таа мерка тогаш беше наведеното сомневање за опасност од бегство, откако истиот ден на поранешниот премиер Никола Груевски му беше доделен азил од Унгарија.
Истрагата Империја е против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.
Во притвор веќе се Јордан Камчев, Цветан Панделевски, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска, Тодор Мирчевски.