Рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Доналд Трамп вчера одржале краток состанок на маргините на самитот на Г-20 во Аргентина, објави Ројтерс повикувајќи се неименуван советник од Кремљ.
Советникот, исто така чие име не се открива, за Ројтерс исто така изјавил дека се состанал со советникот за национална безбедност на Трамп, Џон Болтон.
Извесен период пред одржување на самитот на Г-20 во Аргентина двајцата лидери најавија дека ќе одржат состанок на маргините на самитот. Но по инцидентот во теснецот Керч, кога Русија заплени три украински брода и неколку морнари, Трамп ја откажа средбата.
Портпаролката на Белата куќа, вчера изјави дека причината поради која е откажан состанокот е ситуацијата со Украина.
Таа меѓу другото посочи дека истрагата за можна соработка меѓу изборниот штаб на Доналд Трамп во 2016 година и Москва, веројатно, ги поткопува односите меѓу САД и Русија, но негираше дека ова е причината зошто Трамп ја откажа планираната средба со рускиот претседател Владимир Путин на самитот на Г-20 во аргентинската престолнина Буенос Аирес.