Во Собранието денеска продолжува дебатата за уставните амандмани. За секој од четирите амандмани предвидена е дебата во траење од три дена, а пленарната седница би можела да трае 12 дена.
Во оваа фаза за усвојување на амандманите потребен ќе биде 61 глас.
По усвојувањето на уставните амандмани во Собранието, Владата ќе треба да организира јавна расправа од три дена, по која што ќе треба да достави извештај до Собранието.
Финалното носење на амандманите ќе следи по владиниот извештај, кога претседателот на Собранието, Талат Џафери е должен во рок од 30 дена да закаже нова седница, за која повторно ќе биде потребно двотретинското мнозинство.