Францускиот претседател, Емануел Макрон изјави дека денешниот бран на насилство и вандализам во Париз никако не може да се оправда и нема никаква врска со мирен израз на легитимен гнев.
-Ништо не го оправдува нападот врз безбедносните сили, грабежите на продавници, палењето јавни или приватни згради, закани за минувачите и новинарите или уништување на Триумфалната порта, рече Макрон на прес-конференцијата во Буенос Аирес, каде што присуствува на самитот на Г-20.
Протестите на „Жолтите елеци“ денеска во главниот француски град ескалираа. Над 200 лица се уапсени, а околу стотина се повредени, а голем број продавници и метро станици во градот се затворени.
Истовремено чидерот на екстремната десница, Марин Ле Пен побара од Макрон веднаш по враќањето од Аргентина да ги прими лидерите на опозициските партии. Таа на Твитер ги осуди насилниците и ги повика демонстрантите да се повлечат за да може полицијата да го сопре насилството.