Токму ВМРО-ДПМНЕ, Груевски и Мицкоски се директни виновници за најголемиот скандал со нелегално прислушување во историјата на Европа, остатоците од режимот ќе се соочат со правдата
Нервозата на Мицкоски од сите негови неуспеси да го одбрани криминалот на неговиот ментор, Никола Груевски, од неуспехот да ја закочи иднината на Македонија во НАТО и ЕУ се манифестира со безобразно пласирање лаги.
Мицкоски со лаги, целосно неуспешно, се обидува да ја оттргне вината за неговото учество во најголемите скандали, меѓу кои и она со прислушувањето.
Токму ВМРО-ДПМНЕ, партијата со најголем скандал за прислушување во историјата на Европа, во чие време се монтирале прислушни уреди по институции, денеска неуспешно сеобвинува да обини дека некој друг прислушувал.
Токму во тоа црно време на режимот Мицкоски беше генерален секретар на партијата и десна рака на осудениот криминалец Никола Груевски, советник во неговиот кабинет.
Граѓаните знаат и паметат дека токму Мицкоски на прес конференција застана против Специјалното јавно обвинителство и побара негово укинување со што уште еднаш се стави во директна одбрана на сите криминали на Никола Груевски.
Мрачното време на масовно прислушување и системско кршење на човековите права и слободи, заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт.
Денес, институциите работат професионално и независно, а човековите права се почитуваат и унапредуваат. Оттука, од сите надлежни институции очекуваме до крај да го расчистат овој случај започнат уште во 2016 година.
Виновниците за нелегалното прислушување во правосдусните институции ќе бидат пронајдени и соодветно санкционирани.
Борбата за правна држава продолжува, остатоците на режимот во правосудните органи мора да бидат изнесени пред лицето на правдата.