Рускиот претседател, Владимир Путин предупреди дека „војната ќе продолжи”, додека сегашните власти во Украина останат на власт.
„Сегашната украинската влада нема интерес за решавање на конфликти, особено преку мирен пат. Додека се на власт, војната продолжува. Секогаш е полесно да се оправдаат економски неуспеси со војна”, изјави Путин на прес-конференцијата во Буенос Аирес, каде што тој беше на самитот на Групата 20 индустриски најразвиени земји.
Путин, исто така, рече дека е „апсолутно неопходно” да се одржи „вистинска средба со неговиот американски колега, Доналд Трамп”, изразувајќи жалење што американскиот претседател ја откажа средбата со него, што претходно беше закажана на маргините на самитот на Г-20.
„Штета е што немавме вистински состанок. Мислам дека тоа е навистина неопходно“, рече Путин, додавајќи дека се надева на средба кога американската страна ќе биде подготвена.
Доналд Трамп претходно го откажа закажаниот состанок,поради како што посочија од Белата куќа инцидентот во тенсенцот Керч и запленувањето на три украински воени бордови заедно со нивниот екипаж од страна на руските сили.