Во Белгија протести поради климатските промени

Повеќе илјади луѓе протестираа денеска во Брисел барајќи од белгиските власти да ги почитуваат обврските што произлегуваат од Договорот за борба против климатските промени.

Демонстрациите во центарот на Брисел се одржуваат два дена по протестите кај зградата на парламентот, кои беа реакција на демонстрациите на движењето „жолти елеци“ во Франција.

Според податоците на белгиската полиција, околу 65.000 лица учествувале во денешните протесети под името „Да се победи климата“.

Тие мирно шетаа носејќи транспаренти со натписи за зачувување на планетата.

Демонстрантите бараат да се постигнат амбициозните цели за ограничување на глобалното затоплување за 1,5 целзиусови степени, што е во согласност со целите наведени во Парискиот договор од 2015 година. Во Полска денеска започна самитот на ОН за борба против климатските промени.

Треба да знаете
Последни објави