Во среда ден на жалост во САД поради смртта на Буш

Американскиот претседател, Доналд Трамп ќе присуствува на погребот на поранешниот американски претседател Џорџ Буш, кој почина завчера на 95 годишна возраст, соопшти Белата куќа.

Трамп објави дека во среда на 5-ти декември во земјата е прогласен Денот на жалост поради смртта на Буш. Тој, исто така, потпишал и извршна одредба со која се бара од федералните агенции да не работат тој ден во знак на почит кон Буш, објави АП.

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Џорџ Буш почина на 95 годишна возраст, соопшти портпаролот на семејството Буш, Џим Мекграт.

Буш беше претседател на САД од 1989 до 1993 година.

Во април годинава, тој беше хоспитализиран поради инфекција, една седмица по смртта на сопругата Барбара. Претходно во два мандати беше потпретседател за време на Роналд Реган, а работеше и како шеф на ЦИА.

Буш пред да започне да се занимава со политика, во 1964 година беше авијатичар во Втората светска војна и нафтен тајкун. Тој е татко на поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш помладиот, кој беше на чело на земјата два мандати од 2001-та година.

Треба да знаете
Последни објави