Денеска сончево со мала облачност

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во западните делови. По котлините ќе има услови за појава на магла, а преку денот ќе дува слаб југоисточен ветер.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје, Маврово и Берово 6 Целзиусови степени, Охрид и Прилеп 8, Крива Паланка 9, Кавадарци 7, Дојран 11…

За утре прогнозата е малку до умерено облачно. Во западните делови ќе биде облачно со услови за локален дожд. По некои котлини ќе има појава на магла. Минималните температури ќе се движат од -5 до -3, а максималните од 6 до 13 степени.

Треба да знаете
Последни објави