Сениорките на ЖКК „Бадел 1862″ продолжуваат со победничката серија.
Вчера во рамки на седмото коло од првата женска кошаркарска лига на домашен терен во спортската сала „Независна Македонија” извојуваа убедлива победа против екипата на ЖКК „Пелистер” од Битола, со резултат 100:29.
На натпреварот со најмногу постигнати поени се истакна Наталија Секуловска 31, додека Цветанка Димова постигна 22.
Следниот викенд единствените непоразени клубови во лигата „Бадел” и „Вардар” ќе ги одмерат силите во салата во СРЦ „Кале”.