Фудбалерите на „Манчестер Јунајтед“ трет натпревар по ред е без победа, откако по пресврт успеа да се врати во игра за 2:2 против „Саутемптон“ на гостински терен.
Домаќините поведоа со головите на Стјуард Армстронг во 13. и Седрик Соарез во 20 минута. „Јунајтед“ успеа да израмни преку Ромелу Лукаку во 33. и Андре Ерера во 39 минута, но тоа беше се што направија. „Црвените ѓаволи“ по 14 кола се на седмото место со 22 бодови.
Шампионот „Манчестер Сити“, пак, без проблем славеше со 3:1 против „Борнмут“, со головите на Бернардо Силва во 16, Рахим Стерлин во 57 и и Гундоган во 79 минута. Стрелец за гостите во 44 минута беше Вилсон. „Сити“ е лидер во првенството со 38 бода, пет повеќе од „Ливерпул“, кој, пак, има натпревар помалце и денеска во градското дерби му „гостува“ на „Евертон“.
Денеска се игра уште едно дерби, во Лондон шестопласираниот „Арсенал“ го пречекува „Тотенхем“, кој е рет на табелата со 30 бода.