Скопје вечерва е седми најзагаден град во светот
Скопје вечерва е на седмото место на листата најзагадени градови во светот, според глобалната апликација Ер Вижуал („Air Visual“).
Од Балканот во моментов најзагадена е Приштина која е на третото место, а зад Скопје е Сараево.

Најзагаден град вечерва е Пекинг во Кина, по којшто следи Лахоре во Пакистан.
Претходно, балканските медиуми објавија дека денеска Сараево бил назадаениот град во светот, според податоците на амбасадите на САД низ светот.