Франција размислува да воведе вонредна состојба

Франција размислува да воведе вонредна состојба со цел да се спречи повторувањето на едни од најголемите нереди во последните повеќе од 10 година, изјави денеска портпаролот на француската Влада, Бенџамин Гриво.

– Француската Влада ги повикува мирните демонстранти да седнат на преговарачка маса, додаде Гриво.

Тој посочи дека мораат да ги разгледаат мерките кои ќе се преземат со цел да не се повторат инцидентите. Имено, францускиот премиер Едуард Филип ја откажал посетата на Полска поради случувањата во Париз.

Претходно претседател Емануел Макрон посочи дека синоќешниот бран насилство и вандализам во Париз на никаков начин не може да се оправда и дека нема никаква врска со мирно манифестирање на легитимниот гнев.

Париската полиција соопшти дека на вчерашните протести во Париз се упасени 270 лица, додека 110 се повредени, меѓу кои и 17 полицајци.

Треба да знаете
Последни објави