Во Кинотеката на Македонија денеска завршува 8. Меѓународен филмски фестивал за анимирани филмови „Анимакс Скопје фест” под мотото „Не понекогаш. Засекогаш. Анимакс Скопје фест”.
Освен проекцијата на филмовите- 50 краткометражни и 12 филмови за деца во официјалната конкуренција, во рамки на фестивалот викендов беа организирани две работилници за анимација наменети за деца.
Работилница за анимација „Техника на анимација: цртеж на рака со компјутерска доработка во After Effects“ беше наменета за деца од 8 до 14 години. Ментори беа Маријана М. Симовска и Илчо Симовски. Децата покажаа голем интерес за тоа како се прават цртаните филмови и активно улествувва во изработка на цртан филм, кој ќе имаат можност наскоро да го видат откако ќе заврши монтажата.
„Анимакс Скопје фест” е во организација на продуцентската куќа „Аурипигмент”, во соработка со филмското училиште „Тинтири-Минтири” и Кинотека на Македонија и со поддршка од Агенција за филм и Град Скопје.