На службениот број на Кабинетот на српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, денеска околу 15:40 часот пристигнале нови закани, потврдија официјални лица.
На телефон се јавила службеничка вработена во Кабинетот, а повикот, според повикувачкиот број, бил од Белгија.
Упатени се најстрашни закани и навреди за српскиот член на Претседателството на БиХ и за неговото семејство. Непознатото лице по упатените закани порачало дека „војната сè уште не е завршена”. За заканите се известени надлежните институции.