Италијанскиот новинар Танкреди Палмери го објави во својот Твитер профил пласманот по освоени поени за „Златната топка”. Победник е хрватската ѕвезда Лука Модриќ, кој ја освои највредната индивидуална фудбалска награда со 753 поени.
Кристијано Роналдо, петкратниот добитник на наградата е втор со 476, а третото место е за светскиот првак Антоан Гризман, кој освои 414 поени. Во топ 10 се Килијан Мбапе, Лионел Меси, Мохамед Салах, Рафаел Варан, Еден Азар, Кевин де Бруин и Хари Кејн. Со ова се става крај на доминацијата на Роналдо и Меси, кои беа на врвот во последните десет години.
Малку потоа листата излезе и на страната на мадридскиот весник „АС”, каде исто така објавија дека Модриќ е носител на „Златната топка” за 2018 година.