Алења по првиот гол за Барселона: Ова е остварување на сонот…

Екипата на Барселона славеше над Виљареал со 2-0 и на тој начин се врати на првото место во шпанската Примера.

Пике го отвори резултатот во првиот дел, додека пак точка на победата и трите бода стави младиот Карлес Алења во самиот финиш. Овој погодок за младиот Алења беше посебен затоа што беше прв за него во шпанското првенство, па зборувајќи за тоа колку му значи истиот тој порача:

– Им благодарам на соиграчите, се мина како што треба, ама победата беше најважна затоа што беше остварена против противник кој ни правеше проблеми. Со Меси (тој му асистираше) се е полесно, само тој може да го види тоа додавање. Ја пушта топата каде што сака. Потоа беше еден на еден, среќен сум што дадов гол на „Камп Ноу“, ова е остварување на сонот, – рече талентираниот играч кој сака да се наметне кај Валверде.

– Мора да ги искористам шансите кои ќе ми бидат дадени, како во Купот или како оваа. Треба да бидам добар и да му направам главоболка на тренерот при изборот на тимот. Знам дека добро ми оди и морам да ги искористам шансите кои ќе ги добијам, – заклучи Алења кој е продукт на школата на каталонците, популарната Ла Масија.

Треба да знаете
Последни објави