Галатасарај во рамките на 14. коло на турската Суперлига им беа гости на ривалите Бешикташ, а на последниот тренинг екипата имаше огромна поддршка од своите навивачи.
На стадионот на Галатасарај во Истанбул дојдоа рекордни 42.000 навивачи кои приредија фантастична атмосфера иако се работеше само за тренинг, а не натпревар.
Со громогласно навивање им дадоа поддршка на своите миленици и запалија многу бакли што го претворија стадионот „Турк Телеком“ во „вистински пекол“, пишуваат локалните медиуми.
Домаќин на дербито е Бешикташ, а натпреварот се игра денеска од 18 часот.
Галатасарај се трети со 24 бода, а Бешикташ шести со три бода помалку.