Експлозив во полициска зграда во Атина

Група млади лица рано утрово ја нападнале полициската зграда во источниот дел на Атина, со употреба на домашно изработени експлозивни направи, пренесе грчката новинска агенција „АНА“.

Инцидентот се случил утрово во 2.30 часот.

Очевидците раскажуваат дека напаѓачите ги фрлиле бомбите, по што почнале да бегаат.

Во инцидентот нема повредени, а полицијата покрена истрага, пренесе грчката агенција.

Треба да знаете
Последни објави