Макрон бара нови разговори со лидерот на жолтите елеци

Францускиот претседател Емануел Макрон побара од премиерот Едуард Филип да се сретне со лидерите на најголемите политички партии и претставници на Движењето „жолти елеци“, кои организираа протести поради зголемувањето на цената на горивата, за да разгледаат можности за излез од кризата.

Макрон исто така побара од министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастанер, да размисли за измени на безбедносните процедури, со цел спречување на протестите, пренесува АП.

Минатата недела не се одржа средба меѓу премиерот и претставникот на „жолтите елеци“ откако не беше прифатено нивното барање разговорот да се пренесува во живо.

Полицијата соопшти дека во протестите во саботата во Париз, биле повредени 133 луѓе, меѓу кои 23 полицајци.

Треба да знаете
Последни објави