Францускиот претседател, Емануел Макрон, е принуден поради внатрешнополитичката ситуација во Франција да ја одложи посетата на Србија за неколку недели, соопшти претседателот на Србија, Александра Вучиќ, по телефоскиот разговор со францускиот претседател.
,,Макрон замоли за неколку недели да ја одложиме неговата посета на Србија”, изјави Вучиќ на прес-конференција.
Елисејската палата претходно ја најави посетата на Макрон на Србија на 5 и 6 декември, а дел од француските медиуми оценија дела целта на посетата е зајакнување на пријателството меѓу Париз и Белград.