Корисниците на Фејсбук сѐ повеќе се жалат на проблеми со „Месинџер“, кој од некоја непозната причина враќа стари пораки и разговори со години.
Компанијата го потврди овој проблем со појавата на стари пораки кои се враќаат без причина, но не даде објаснување.
„Некои луѓе гледаат постари пораки, свесни сме за овој проблем и активно работиме што поскоро да го решиме. Се извинуваме за непријатностите”, рече портпаролот на „Фејсбук“ за The Verge.
Иако ова не е сериозен технички проблем, на некои враќањето на стара преписка со поранешни партнери или партнерки би можело да им предизвика сериозни проблеми во новата врска.