Овој напиток прави чуда за вашиот организам!

Општо е познато дека медот е еден од најздравите видови храна во светот. Се вели дека здравјето доаѓа од стомакот, па секојдневното конзумирање на мед е најдобар начин целосно да се искористат сите негови добри страни.

Особено може да се радуваат луѓето кои имаат проблеми со варењето. Поточно, со запек. Еден едноставен напиток со мед кој треба да се конзумира наутро на празен стомак ќе го пробуди слабото варење на храната.

СОСТОЈКИ:

– 2 дл млака вода

– 1 полна лажичка мед

ПОДГОТОВКА:

Добро измешајте ги водата и медот, почекајте додека целосно не се раствори медот, а потоа испијте ја течноста. Водата треба да биде млака, а не жешка, бидејќи на висока температура ги убива сите хранливи материи и благотворни состојки во медот.

Како водата со мед делува на варењето на храната?

1. Го олеснува минувањето на храната во дигестивниот систем, односно од тенкото во дебелото црево.
2. Ги неутрализира гасовите кои се прават во дигестивниот систем.
3. Го смирува желудникот. Истражувањата покажаа дека помага во лекување на чир на желудникот или бактериски гастроентеритис.

Како водата со мед делува на нашето тело?

1. Детоксикација на организмот, односно помага во елиминирањето на токсините.
2. Со додавање на сок од лимон станува сојузник во губење на тежината.
3. Делува антибактериски. Сировиот мед е полн со ензими, витамини и минерали кои се борат против штетните бактерии.
4. Ги олеснува алергиските реакции помагајќи му на телото да се “аклиматизира” на полен и така ја намалува чувствителноста на животната средина.
5. Како природен антиоксиданс ја чисти кожата.
6. Го регулира нивото на шеќер во крвта.

Треба да знаете
Последни објави