Конгресот на САД ја прогласил Росa Паркс за мајка на современото движење на човекови права. Се присетивме како храбрата икона започнала револуција која го променила светот.
Роси Паркс е најдобар доказ дека и најмал потег на отпор, може да го промени светот. Сè започнало на 1-ви декември, 1955-та година, кога оваа дама од Монтгомери, се враќала од работа, од стоковна куќа.
Влегла во класичен автобус, карактеристичен за тоа време, кој бил поделен на места кои биле за белци и места за афроамериканци.
Кога сите места за белците се исполниле, возачот на автобусот, Џејмс Ф. Блејк ѝ наредил на тогаш 32-годишната Росa да стане и да го отстапи своето место. Но, таа одбила.
„Не смееш да чувствуваш страв за работите кои ги правиш кога знаеш дека си во право“, тврдела таа.
Поради граѓанското дело на непослушност, веднаш била повикана полицијата, а Росa Паркс била уапсена и обвинета за кршење на законите за сегрегација.
Судењето на Росa довело до бојкот на автобускиот сообраќај до Монтгомери, како и до еден од најмасовните движења за расна сегрегација на чело со Мартин Лутер Кинг Јуниор.
„Не бев свесна дека пишувам историја. Многу беше полесно да се откажам“ – со овие зборови Росa подоцна ги објаснила своите пориви за славен чин.
Иако ќерката на столар и учителка, станала американска икона, тоа не било крај на нејзините проблеми. Изложеноста во медиумите ја претворила во „лесна цел“, па набрзо добила отказ од работното место и била принудена да се пресели и со сопругот да започне нов почеток.
Некое време работела како домаќинка во црнечки хотел, а повеќе години работела како кројачка. Афроамериканскиот конгресник, Џон Кониерс, ја вработил во својата канцеларија во 1965-та година, каде работела во администрација сè до нејзино пензионирање, во 1988-ма година.
После тоа, најмногу се занимавала со добротворни цели за сопственото, „Rosa and Raymond Parks Institute“, за самовработување, кое го отворила во сеќавање на својот сопруг, а издала и мемоари, наречени „Тивка моќ“, и автобиографија „Мојата приказна“.
За тоа дека Роса имала значајно влијание врз светот, се докажало и на нејзиниот погреб, во 2005-та година, на кој, меѓу останатите, се појавиле и голем број достоинствени луѓе. Погребот бил емитуван на телевизија, а говорите траеле дури седум часа.