Скопјанец заработи кривична пријава за поседување на пиштол без дозвола

Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против 32-годишен скопјанец во чие возило, при рутинска полициска контрола, било пронајдено огнено оружје кое го поседувал без дозвола.

Како што информираат од МВР, на 29. април годинава на гостиварската улица „Илинденска“ полицајци извршиле преглед на автомобилот управуван од скопјанецот и притоа бил пронајден и одземен пиштол „Црвена Застава ТТ М-57” калибар 7,62 милимиетра со рамка со девет куршуми, за кој не поседувал дозвола.

Триесет и двегодишникот се товари за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Треба да знаете
Последни објави