Деветнаесет годишен жител на селото Леуново заработи кривична пријава и притвор поради сомнеж дека е сторител на повеќе тешки кражби во викендички околу Мавровското Езеро.
Според СВР Тетово, притив Д.Ѓ поднесена е кривична пријава поради основи на сомнение дека извршил пет тешки кражби.
Пријавениот Д.Ѓ. се сомничи дека во периодот од октомври до декември оваа година, искористувајќи го отсуството на нивните сопственици, насилно провалил во пет викендички во Маврови Анови и населбата „Бела вода”. Пленот се состоел од технички апарати и пијалаци со што нанесол вкупна материјална штета што се проценува на 76.500 денари.
Викендов Д.Ѓ. е лишен од слобода и со соодветен поднесок предаден е на судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар. Нему му е одредена мерка притвор од 8 дена, по што е предаден во КПУ „Скопје” во Скопје за издржување на притворот.
Најголемиот дел од одземените предмети се пронајдени и вратени им се на сопствениците.