,,Блиску до мене” е програмска активност од областа на културата од интерес на Градот Скопје во рамки на проектот „Од центарот кон периферијата:Културата како алатка за социјален развој“ која во времетраење одпет месеци Буллфрогс Баллет ја реализираше во Општина Чучер Сандево.
Целта на проектот беше да се даде еднаков пристап до квалитетно балетско и културно образование на деца и млади од општина Чучер Сандево, кои имаат особен талент за балетска уметност, како и оние кои доаѓаат од социјално загрозени семејства утврдени согласно критериумите на општината.
Со финансиска помош од Град Скопје ја реализиравме оваа програма од областа на културата и уметноста и на 20 деца и млади заедно им обезбедивме без финансиски надомест да бидат дел од истата, да се стекнат со знаење за класичниот балет и преку дополнителни вон-курикуларни активности да бидат дел од различни предавања, креативни работилници и мастер класови со цел да се поттикнат да дејствуваат во различните сфери и области од културата.
Покрај знаењето за класичниот балет кое им го пренесовме на децата кои беа дел од овој проект, исто така ги упативме во актерската игра, учевме и вежбавме за музикалноста за подоцна сите тие да бидат дел од работилницата за класична музика која се одржа во Културно Информатиниот Центар во Салон 19:19 под водство на Билјана Петровска.