Портретот „Паднатата Мадона“ од култната серија „Ало, Ало“ е продаден за 15.000 фунти на аукција, а купувачот е од областа Нувион на северот од Франција, каде што всушност се одвива дејството на серијата.
„Мадона со големите сестри“ од уметникот Ван Кломп е препознатлива шега во популарната серија, која траеше помеѓу 1982 и 1992 година.
Сликата претходно беше продадена во 2007. година, на приватен купувач, за сума од 4.000 фунти.
Енди Стив, кој ја продаде сликата на аукција, изјави дека најновиот купувач е од Нувион во Франција, каде што наводно се одвива дејството на серијата, и додава дека на некој начин сликата се враќа дома, пренесува Би-би-си.
Уметничкото дело е прикажано во речиси секоја епизода на познатиот ситком.
Украдена и враќана безброј пати, сликата Французите во стотици епизоди ја криеја на најразлични места – меѓу колбасици, во панталони и сл.
Сликата се смета за важен дел во историјатот на оваа британска ТВ серија и е само една од неколкуте копии што ги преживеале сите девет сезони од шоуто.
Дејството на „Ало, ало“ наводно се случува во едно кафуле во Нувион, Франција, за време на Втората светска војна. Серијата на духовит начин се бави со Гестапо, француското движење на отпорот, но и Британците.