Илјадници деца кои останаа без покрив над глава, поради катастрофалните пожари кои ја зафатија северна Калифорнија денеска се по околу еден месец се враќаат во училишните клупи.
Во пожарите во Калифорнија загинаа 88 лица, десетици се водат за исчезнати.
Училиштата во областа Бјут беа затворени на 8 ноември, кога пожарот се прошири и ги проголта малите градови Перадајс, Конкау и Магалија, претворајќи се во најсмртоносната огнена стихија во земјата.
Илјадници беа евакуирани за време на страотните пожари. Голем број славни личности, меѓу кои имаше актери, пејачи, режисери, исто така беа евакуирани.