Украинската полиција изврши претреси во домовите на неколку свештеници на Руската православна црква во повеќе градови во Украина, објави „Асошиејтед прес“.
Полицијата соопштила дека се извршени претреси на осум локации во Киев и регионот Житомир, во рамки на истрагата за ширење на омраза и поттикнување насилство.
Според наводите на Руската православна црква, повеќе од 20 свештеници биле повикани на разговор во просториите на Украинската безбедносна служба.
Претседателот на Украина, Петро Порошенко, во неделата изјави дека православните верници може да одлучат дали ќе ѝ се придружат на автокефалната Украинска православна црква по нејзиното основање.
„Државата го гарантира уставното право на слобода на вероисповед, вклучувајќи ги и оние кои сакаат да останат во Руската православна црква“, рече Порошенко.