(Видео) Стоилковски: СДСМ турка проект за партизација на администрацијата

Животот во Република Македонија секојдневно се зацрнува контролирано со Мрежата од Црни тефтери на СДСМ. СДСМ турка проект за партизација на администрацијата на локално и на централно ниво строго според црните тефтери од локалните партиски клубови, обвини Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Денеска ќе објавиме дел од оние за кои Животот од Тефтери пристигна во Куманово. 1. Некогаш главната стечајка и демонстрант, Лилјана Георгиевска, говорник и лик од спотовите на СДСМ, од неодамна, 05.10 оваа година, е вработена во Агенцијата за вработување на Република Македонија. Нејзината ќерка, веројатно заради активностите на мајката- стечајка, е вдомена во детска градинка во Куманово. 2. Првиот човек од доверба на Оливер Спасовски, секретарот на кумановската партиска организација, Оливер Илиевски, од 28.12.2017 е раководител во Водостопанство, додека неговата сопруга од 08.10.2018 е вработена во МВР во Стопански криминал. Вработување во општата болница во Куманово неодамна е најдено и за нејзината сестра. 3. И десната рака на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, Даниел Стојчевски на 06.06.2018 се вработил како директор на ЈП Чистота и зеленило, чија сопруга годинава на 01.05.2018 е вработена во градска библиотека во Куманово. 4. Претседателот на кумановската младинска СДСМ Мартин Захариев, од 26.11.2018 е вработен во Центарот за социјални работи; додека неговата мајка Снежана, поранешен социјалдемократски лидер во градот, сега е директор во кумановската болница“, тврди Стоилковски.

Во насока на транспарентноста, додаде тој, за да докажат дека не е празна флоскула, Костадин Костадинов како пратеник и партиски функционер на СДСМ, треба да инсистира и самиот да објави колкумина и со какви квалификации биле пријавени на конкурсот на кој што е вработена неговата мајка во администрацијата во Струмица, а истовремено нека побара истото да биде објавено и за сестрата на сопартиецот Александар Кирацовски, вработена во администрацијата во Битола. Но, вели тој, транспарентноста нека не застане тука туку да побара јавно да бидат извадени резултатите на конкурсите за сите 24 нови вработувања во М-НАВ.

Треба да знаете
Последни објави