Мисовски: Изборот на Џафери е легитимен

Mожам да кажам дека претседателот е избран легално и тука нема сомнежи. Ова го кажав во обвинителството, го кажувам и пред вас. Тој е избран согласно Устав и Деловник. Ова што денеска се случува, што бев на распит, односно пријавата на ова здружение е мотивирано од една политичка партија“ рече Горан Мисовски по излегувањето од обвинителството за организиран криминал,каде беше повикан да даде исказ за настаните на 27 април.

Тој нагласи дека се надева оти обвинителството ќе донесе правилна одлука, односно ќе заклучи дека нема место за кривично дело.

Рече дека обвинителството не барало документи за тоа на кој начин е избран Талат Џафери за Претседател на Собранието. И додаде дека има соодветна документација во архивите која ќе потврди дека изборот на Џафери е легитимен.

Мисовски додаде дека покрај него на распит бил и пратеникот Ферид Мухиќ.

ОЈО работи на кривична пријава против пратениците Ферид Мухиќ, Горан Мисовски, Џафери, Заев, Ахмети и уште 62-ца други пратеници за нелегален избор на претседател на Собранието на 27 април.

Пријавата ја поднесе Здружението на граѓани за почитување на прописисте од Битола. Пријавата е поднесена поради основано осмнение дека пратениците извршиле неколку кривични дела од Кривичниот законик.

Претходно на распит беше и претседателот на Собранието, Талат Џафери, а повикани се и други пратеници.

Треба да знаете
Последни објави