Претеседателот на најголемата грчка опозициска партија, Кирјакос Мицотакис, уште еднаш повтори дека Нова демократија нема да гласа за ратификација на Договорот од Преспа и повика истото да го сторат и другите партии и пратеници, јави дописничката на МИА од Атина.
–Само еден начин постои за да го ограничиме опсегот на националната штета: Договорот од Преспа да не се ратификува во грчкиот Паралмент. Повторувам на најкатегоричен начин: Нова демократија ќе гласа против договорот и ги повикуваме сите партии и сите пратеници да го сторат истото. Впрочем, ова е барањето на големото мнозинство грчки граѓани, вели Мицотакис.
Причина за денешната изјава на лидерот на Нова демократија се текстовите објавени во грчите медиуми, кои повикувајќи се на vecer.mk и mkd.mk пренесуваат изјава на македонскиот премиер во која тој рекол дека “со Договорот од Преспа се отвора можност македонскиот јазик да се изучува во Грција”.
-Изјавите на Заев за изучување на македонски јазик во Грција се неприфатливи. Но, беа очекувани од самата содржина на договорот. На најјасен начин го потврдуваат она што Нова демократија го кажа од прв момен, дека признавањето на наводен македонски јазик и националност, ја отвора Пандорината кутија за оживување на сите историски неточни иредентистички барања на Скопје, вели Мицотакис и додава дека Заев има секаква причина да слави за она што е договорено, но “Ципрас останува безгласен пред резултатите на неговата политика”.
На истата тема, Нова демократија и преку соопштение објавено вчера упати обинувања и критики до владата на Ципрас за Договорот од Преспа.
-Нова демократија навремено предупреди дека штетниот Договор од Преспа го охрабрува, наместо да го елиминира иредентизмот на Скопје и за жал на најлош начин се потврдува дека е во право. Изјавите на Заев за можноста за изучување на наводниот македонски јазик во нашата земја ги провоцираат сите Грци. И затоа исто толку провоцирачка е и безгласноста на премиерот и министерот за надворешни работи, господинот Ципрас, соопштуваат од Нова демократија.
На вчерашниот брифинг во грчкото МНР, како што јави дописничаката на МИА од Атина, за конкретното прашање поврзано со натписите за изјавата на Заев, новинарите побараа одговор од алтернативниот министер за надворешни работи на Грција.
Јоргос Катругалос рече дека и тој ја видел изјавата што ја објавуваат медиумите, објасни дека “не е јасно како и во која рамка беше дадена”. Воедно уште еднаш повтори дека Грција очекува и бара да се почитува текстот и духот на Договорот од Преспа.
Во истиот контекст, одговарајќи на истото прашање Катругалос го спомена членот 4, параграф 3 од Договорот од Преспа кој вели дека “секоја од страните се обврзува и свечено изјавува дека ниту една одредба од нејзиниот Устав, како што е во сила или како што ќе биде изменет во иднина, не може или не треба да се толкува на начин кој преставува или кога било ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на другата Страна, во каква било форма или заради каква било причина, вклучително и заради заштитата на статусот и првата на кои било лица кои не се нејзини граѓани”.
Катругалос го спомена и членот 7 според кој јазикот се регистирира како словенски јазик.
Алтернативниот шеф на грчката дипломатија рече дека кога ќе ја имаат комплетната изјава што ја споменуваат грчките медиуми, ако отстапува од рамката што самиот ја спомена, тогаш ќе излезат со конкретен став.
Извори од македонската влада, за МИА велат дека во Договорот од Преспа не постојат членови што ги одредуваат правата за употреба на јазиците во двете земји